ПИСАТЕЛОТ ДЕЈМОН ГАЛГАТ ОД ЈУЖНА АФРИКА ЈА ДОБИ БУКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА РОМАНОТ „ВЕТУВАЊЕТО“

    ПИСАТЕЛОТ ДЕЈМОН ГАЛГАТ ОД ЈУЖНА АФРИКА ЈА ДОБИ БУКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА РОМАНОТ „ВЕТУВАЊЕТО“Галгат синоќа ја доби наградата во вредност од 50 илјади фунти. (Фото: Гети)

    Писателот Дејмон Галгат од Јужна Африка е годинашен добитник на престижната Букерова награда, за неговиот роман „Ветувањето“ (The Promise). Галгат по третпат беше номиниран за книжевната награда, по 2003 и 2010. Наградата во вредност од 50 илјади фунти ја доби на синоќешната свеченост.

    „Ветувањето“ е негова деветта книга и е за падот на едно јужноафриканско семејство во текот на четири децении, од ерата на апартхејдот до денес.

    „Романот е комбинација од извонредна приказна, богати теми и историјата на Јужна Африка од последните 40 години, во неверојатно добро обработен пакет. Има одлични идеи, тоа е книга со извонредно посветено внимание на структурата и книжевниот стил“, рече претседателката на жирито Маја Јасаноф.

    Насловот на романот, „Ветувањето“ се однесува на ветувањето дека слугинката црнкиња од семејство белци ѝ припаѓа на куќата во која живее и земјата на која се наоѓа.

    Лауретот рече дека е „навистина длабоко благодарен за наградата“.

    „Помина долго време за да стигнам овде и сега кога стигнав, некако чувствувам дека не треба да бидам тука. Овде лесно можеше да се појави кој било друг од другите неверојатни, талентирани луѓе кои беа номинирани и неколку други кои не се тука“, рече 57-годишниот писател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира