ПОЧИНА ФРЕДЕРИК ДЕ КЛЕРК, ПОСЛЕДНИОТ БЕЛ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЈУЖНА АФРИКА КОЈ ГО УКИНА АПАРТХЕЈДОТ

    ПОЧИНА ФРЕДЕРИК ДЕ КЛЕРК, ПОСЛЕДНИОТ БЕЛ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЈУЖНА АФРИКА КОЈ ГО УКИНА АПАРТХЕЈДОТДе Клерк го ослободи Мандела од затвор и потоа заедно добија Нобелова награда за мир (Фото: АП)

    Бившиот претседател на Јужна Африка и последен белец кој ја водеше земјата, Фредерик Вилем де Клерк, почина на 85 години откако лани му бил дијагностициран рак.

    Де Клерк, кој беше претседател од 1989 до 1994 година, имаше клучна улога во демократската транзиција на земјата и ја доби Нобеловата награда за мир во 1993, заедно со Нелсон Мандела. Во 1990, тој објави дека го ослободува Мандела од затвор по 27 години, што водеше кон првите повеќепартиски избори во земјата.

    Де Клерк е роден во 1936 во Јоханесбург и работел како адвокат пред да влезе во политиката. Откако бил на повеќе министерски места, во 1989 го презеде водството на Националната партија. Следната година, ја укина забраната за одржување протести и за постоење други партии, вклучувајќи го Африканскиот национален конгрес на Мандела.

    Неговите активности помогнаа да се укине апартхејдот во Јужна Африка, но тој останува контроверзна личност и меѓу црното и меѓу белото население.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира