КАСТРИОТ РЕЏЕПИ БEШЕ СЕДМИ НА ЛИСТАТА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ТРИ МЕСТА ПОГОРЕ ОД СНЕЖАНА КАЛЕВСКА-ВАНЧЕВА

    КАСТРИОТ РЕЏЕПИ БEШЕ СЕДМИ НА ЛИСТАТА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ТРИ МЕСТА ПОГОРЕ ОД СНЕЖАНА КАЛЕВСКА-ВАНЧЕВАСДСМ најостро ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата дека СДСМ купува пратеници, особено свои коалициони пратеници како што е Кастриот Реџепи. (Фото:СДК.МК)

    Кастриот Реџепи од Беса, кој вчера не се појави во Собранието да гласа за недоверба на Владата бидејќи бил под закани наводно од опозицијата, стана пратеник како седми на листата на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица. Тој е три места погоре од Снежана Калеска-Ванчева, најистурената пратеничка на СДСМ, која го тера вториот мандат во Собранието.

    Оттаму, од СДСМ најостро ги отфрлаат обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата дека СДСМ купува пратеници, особено свои коалициони пратеници како што е Реџепи.

    Вчера, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не успеа да обезбеди мнозинство и да ѝ изгласа недоверба на Владата. Пратеникот Кастриот Реџепи пред седницата за недоверба објави на Фејсбук пратениците да не го чекаат на седница, зашто не само што нема да гласа за недоверба на Владата, туку од лични причини нема ни да дојде на седницата.

    Реџепи беше 61. глас за уривање на Владата. Тој кажа дека меѓу политичка криза и хаос, сепак одбрал да го поддржи евроинтегративниот процес на Македонија, за кој имал позитивни дипломатски сигнали.

    Опозицијата го обвини парламентарното мнозинство дека го киднапирале Реџепи, потоа дека го купиле, па дека му држеле калашников во главата… за потоа Реџепи да се јави со видео и да каже дека е супер, а неговата Беса да не се секира за него.

    Денеска Кастриот Реџепи повторно напиша дека во понеделник ќе ги открие деталите што му се случувало и зошто го снема, напоменувајќи дека ќе открие кој му се заканувал.

    Од МВР попладнево соопштија дека Реџепи денеска своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека никогаш не бил исчезнат.

    „Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, велат од МВР.

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески синоќа кажа дека пратеникот Реџепи имал закани од тие што обвинуваа дека СДСМ и ДУИ му се заканувале, но дека в понеделник тој ќе каже се.

    Вчера попладне пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си заминаат рано од Парламентот, недочекувајќи го гласањето за доверба што поднесоа. Бидејќи подносителите на иницијативата си заминаа, подоцна тоа го сторија и пратениците од владејачкото мнозинство. Спикерот Талат Џафери сам со Зоран Заев и министрите, пред полноќ ја затвори седницата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира