Споменикот на првоборецот од НОБ Никола Петров во Неготино, кој беше во натприродна големина во Гоцевата шума, близу конзервната фабрика и автопатот Скопје-Гевгелија, е исчезнат. Неготино денес го слави Денот на ослободувањето, а неготинци се прашуваат каде е споменикот на Никола Петров, кој го дал животот за денешната слобода и за кого е испеана и песна. На местото каде што своевремено беше споменикот, сега го нема.
САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека целиот споменик е уништен, а бронзениот дел тежок околу еден тон, се чувал во кругот на тиквешка компанија. Но, му недостасувале делови, па нашиот извор коментира дека негрижата по втор пат го осакати Никола Петров.
Во потрага по информации за овој споменик, неготинци пронашле само макета од него, наместо фотографии.