ГРАЃАНСКИОТ СУД ПАК ПРЕСУДИ ДЕКА НОВИНАРИТЕ СЕ САМИТЕ КРИВИ ШТО ИЗВЕСТУВАА ОД СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017

    ГРАЃАНСКИОТ СУД ПАК ПРЕСУДИ ДЕКА НОВИНАРИТЕ СЕ САМИТЕ КРИВИ ШТО ИЗВЕСТУВАА ОД СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017И покрај прецизната шлаканица од Апелација за почитувањето на европското право и пракса, и по вторпат според судијката, државата нема зошто да одговара и да плати штета, вели новинарката Мрѓа. (Фото:СДК.МК)

    Откако Апелациониот суд Скопје ја укина првичната одлука на Основниот граѓански суд Скопје, според која новинарката Душица Мрѓа, која бараше отштета за 27 април 2017, вечерта таму сама се довела во опасност, судот и по вторпат одлучил идентично по нејзината тужба.

    „Правдата за 27 април, за кој на сите им се полни устите, а особено на власта и нејзините поддржувачи, повторно е на колена. Судијката Антоанета Димовска од скопскиот Граѓански суд  по вторпат, и покрај укажувањето на Апелација, пресуди во корист на државата. Да, таа истата држава,чиј правобранител констатираше дека сама сум се ставила во опасност зашто не сум имала шлем на крвавиот четврток“, вели новинарката од ТВ 24, која како оштетена, побара правда зашто државата таа вечер при организираниот напад на Собранието не ја заштити при вршење на работните обврски и нејзиниот живот, како и животот на сите присутни новинари и сниматели, ѝ го доведе во опаност.

    Мрѓа вели дека уште не ја добила пресудата.

    „И покрај прецизната шлаканица од Апелација за почитувањето на европското право и пракса, и по вторпат според судијката, државата нема зошто да одговара и да плати штета, иако јас јадејќи ќотек ја спасив истата таа држава“, вели Мрѓа.

    Ако Апелација реши вториот пат да оди против себе, Стразбур е тука, се закани таа со тужба против Македонија во Стразбур.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира