ГОЛЕМ Е БРОЈОТ НА НЕЕКСПЛОДИРАНИ БОМБИ И МИНИ ВО МАКЕДОНИЈА, НАЈРИЗИЧНИ БИТОЛСКИОТ И СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН

    ГОЛЕМ Е БРОЈОТ НА НЕЕКСПЛОДИРАНИ БОМБИ И МИНИ ВО МАКЕДОНИЈА, НАЈРИЗИЧНИ БИТОЛСКИОТ И СТРУМИЧКИОТ РЕГИОНМинатата година во близина на стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола беа пронајдени илјадници гранати од Првата светска војна. (Фото: СДК.МК)

    Македонија е простор каде има голем број на неексплодирани убојни средства. Ова беше кажано на конференција во Охрид за опасноста од неексплодирани убојни средства во рамките на НАТО програмата за мир и развој која се одржа во организација на Факултетот за безбедност а во соработка на Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување.

    Проектот има за цел да ги поддржи државните институции да изградат свои капацитети кои во следниот период ќе бидат значајни за имплементирање на стандардизирана постапка за пронаоѓање на неексплодирани мински средства.

    Најризични региони се Битолскиот и Струмичкиот каде има скоро секојдневни интервенции но и секаде онаму каде има остатоци од Првата и Втората Светска војна се места, каде може да се најдат такви неексплодирани мински средства.

    „Населението во овие региони повеќе внимаваат и веднаш известуваат. Буквално секој ден имаме интервенција. Само во оваа недела имавме 8 интервенции“, вели Ефтим Митров раководител на пиротехничари во Дирекцијата за заштита и спасување.

    Митров кажа дека иако се поминати 105 години од Првата Светска војна бројката на пронајдени неексплодирани убојни средства наместо да паѓа постојано расте.

    „Во 15 годишното работење на Дирекцијата секоја година бројката оди нагоре. Очекуваме тоа да се случува и во наредните 20 години оти во овие години успеавме да го информираме населението за опасностите. Луѓето се повеќе и повеќе пријавуваат вакви средства. Просечно секој втор ден имаме интервенција на ниво на држава. Некаде 90 посто се од Првата Светска војна. Тие убојни средства се исправни, со запалка, активни и чекаат жртви“, вели Митров.

    Проектот има за цел да ги поддржи државните институции да изградат свои капацитети кои во следниот период ќе бидат значајни за имплементирање на стандардизирана постапка за пронаоѓање на неексплодирани мински средства. (Фото: СДК.МК)

    На дното на Охридското езеро има голем број на неексплодирани убојни средства. Експертите велат дека сè додека се под вода не се опасни за граѓаните, но не и оние кое се на земја. Потенцираат дека не смеат да се фаќаат и да се поместуваат туку само да се пријават. При последната поголема акција во Охридското езеро пред 10 години биле извадени 8 000 парчиња но се претпоставува дека уште толку има на езерското дно.

    При пожарот кој се случи летово на Галичица беа пронајдени една рачна бомба и една граната.

    „Чистењето на Галичица е проблем бидејќи таму може да се оди само со хеликоптер. Движењето пешки во еден правец е три часа и назад три се шест. Кога ќе работат тие луѓе“, додава Митров.

    Во последните 10 години има една жртва, а четворица како последица на повреда останале инвалиди. Според последниот тренд несреќите се намалувале, но се зголемувал бројот на пронајдени вакви убојни средства. Согласно законската постапка по нивно пронаоѓање и отстранување се уништуваат.

    Проектот кој денеска се реализираше во Охрид има за цел да ги поддржи државните институции да изградат свои капацитети кои што во следниот период ќе бидат значајни за имплементирање на стандардизирана постапка за пронаоѓање на неексплодирани мински средства.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира