Пожарот во ковид одделението во болницата во бугарскиот град Сливен бил предзвикан од запалена цигара, според директорот на болницата Пенко Пенков. Во пожарот што се случи ноќеска загинаа тројца пациенти.
„Почнал веројатно со запалка, пушел цигара еден од пациентите, концентрацијата на кислород во собата била голема, собата била затворена, избувнал пожар“, изјави Пенков за бугарската телевизија „Нова“.
Нема повредени медицински лица и пациенти од другите соби во болницата. Болните од ковид се преместени во други одделенија во болницата во Сливен.