ОКОЛУ 650 БУГАРИ ГЛАСАА ВО МАКЕДОНИЈА, БОРИСОВ И КАРАКАЧАНОВ ОСТАНУВААТ НАЈПОПУЛАРНИ

    ОКОЛУ 650 БУГАРИ ГЛАСАА ВО МАКЕДОНИЈА, БОРИСОВ И КАРАКАЧАНОВ ОСТАНУВААТ НАЈПОПУЛАРНИГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов го освои второто место на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, зад новоформираната ПП. (Фото: Фејсбук)

    На вчерашните парламентарни избори во Бугарија, во Македонија гласале околу 650 бугарски државјани, а најмногу гласови освои ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.

    На седум избирачки места во Македонија, ГЕРБ собра 207 гласови, што е 31,5 отсто од гласовите, според првичните неофицијални резултати на Централната изборна комисија. На второто место во Македонија е ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 136 гласа, или 20,7 отсто. Овие две партии освоија најмногу гласови во Македонија и на претходните избори во јули и април.

    Ја продолжуваме промената (ПП), новоформираната партија која победи на изборите во Бугарија, во Македонија освои 68 гласови, или 10,3 отсто. Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов освои 21 глас, или 3,2 отсто.

    Во Македонија, за бугарските избори се гласаше во Скопје, Охрид, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Штип.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира