„Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи и „Улиште“ на Блерта Башоли, во косовско-македонска копродукција, освоија награди на Солунскиот фестивал. Филмот на Красниќи го подели Сребрениот Александар и 4.000 евра во селекцијата Запознај ги соседите, „Улиште“ доби награда од публиката.
Главната награда Златен Александар „Тео Ангелопулос“ и 10.000 евра освои францускиот „Мекушец“ на Самуел Теис.
Сребрен Александар и 5.000 евра освои „Клара Сола“ од Костарика, а победник во селекцијата Запознај ги соседите е „Мало тело“ од Лаура Самани од Италија.
Годинава во селекцијата Балканско истражување грчката премиера ја имаше и „Сестри“ на Дина Дума, кој е и македонски кандидат за Оскар.
По пандемиската кинопауза, Фестивалот в кино прикажа 200 филмови, а онлајн одеа 144.
М. КОСТОВА