АКЦИЈА СВОЗ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:88:"Грч­китен­џе­ри­њазама­ке­дон­ски­тегла­ви

    1. Џа­бе ни се пис­ма од Клин­тон, џа­бе му се те­ле­фон­ски­те раз­го­во­ри на Гли­го­ров со Ол­брајт, џа­бе Ха­ви­ер Со­ла­на ни ви­ка де­ка НАТО ќе се гри­жи за Ма­ке­до­ни­ја. Што ако САД ни ве­лат де­ка се заг­ри­же­ни за Ма­ке­до­ни­ја, ко­га ние не сме. Ние по­ве­ќе би це­не­ле ко­га би до­би­ле ед­но пис­мо од Ми­ло­ше­виќ во кое ќе нé по­фа­ли за хе­рој­ско­то де­мо­ли­ра­ње на аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да, ка­ко што Ше­шељ му ис­пра­ти по­фал­ни­ца на Пан­ки за те­пач­ка­та со бри­тан­ски­те вој­ни­ци.
    Зош­то да се гри­жи­ме за Ма­ке­до­ни­ја ко­га мо­же­ме да се гри­жи­ме за Ју­гос­ла­ви­ја. Гле­да­те кол­ка­ва бе­ља си нап­ра­вив­ме што ни тек­на да пра­ви­ме др­жа­ва.
    Тре­ба­ше да си ос­та­не­ме со Ју­гос­ла­ви­ја и тре­ба­ше се­га Ми­ло­ше­виќ да се гри­жи за без­бед­нос­та на Ма­ке­до­ни­ја. На­мес­то да го по­ви­ку­ва­ме НАТО да нé бра­ни од Ми­ло­ше­виќ, ние ќе си се кри­ев­ме под ра­ке­ти­те на НАТО. Баш­ка, НАТО со нас ќе по­ми­не­ше ев­ти­но. Со две три ра­ке­ти. Ќе го по­го­деа ае­род­ро­мот Пет­ро­вец, не­ко­ја ра­кет­на ба­за и – тол­ку. Бив­ша­та СФРЈ не ни гра­де­ше не­ко­ја на­мен­ска ин­дус­три­ја. Зна­чи от­се­ко­гаш мис­ле­ле на нас.
    Ду­ри и веж­би­те “Си­те во од­бра­на и заш­ти­та” кои бив­ша­та ЈНА ни ги ор­га­ни­зи­ра­ше за бор­ба про­тив НАТО, ќе се по­ка­жеа не­пот­реб­ни.  Да си бев­ме во ис­та др­жа­ва, не­ма­ше да има­ме аме­ри­кан­ска ам­ба­са­да во Скоп­је, па не­ма­ше да има­ме и об­јек­ти ка­де да веж­ба­ме СВОЗ. Ќе си де­монс­три­раа бел­гра­ѓа­ни, а ние ќе си бев­ме мир­ни. Единс­тве­но тие што зав­че­ра хе­рој­ски ви­каа “Ќе оди­ме на Ко­со­во!” се­га ќе се кри­е­ја од мо­би­ли­за­ци­ја­та на ју­гос­ло­вен­ска­та вој­ска.

    2. И по де­вет го­ди­ни са­мос­тој­ност др­жа­ва­та сé уш­те ни фун­кци­о­ни­ра слич­но ка­ко во вре­ме­то на ко­му­нис­тич­ки­те из­мис­ли­ци за бор­ба про­тив ка­пи­та­лиз­мот од ти­пот на СВОЗ. Пред не­кол­ку де­на, Вук Драш­ко­виќ им ис­пра­ти глас на си­те Ср­би во све­тот да ор­га­ни­зи­ра­ат про­тес­ти про­тив на­па­ди­те на НАТО, ама из­гле­да де­ка тој глас не доп­рел до ма­ке­дон­ска­та Ди­рек­ци­ја за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње.
    Спо­ред стан­дар­ди­те на КОС од бив­ша Ју­гос­ла­ви­ја, ве­ро­јат­но, так­ва нај­а­ва не е бит­на. Па, би­деј­ќи за тоа не зна­ат кон­тра­ра­зуз­на­ва­чи­те, гла­сот не стиг­ну­ва ни до ми­нис­те­рот за внат­реш­ни ра­бо­ти Пав­ле Тра­ја­нов. И за­тоа Пав­ле на Дра­ги­ша Ми­ле­тиќ му ис­пра­ќа обич­ни по­ли­цај­ци, а не спе­ци­јал­ци. Заш­то Дра­ги­ша е наш чо­век. И за­тоа што не гле­да срп­ска те­ле­ви­зи­ја ко­ја неп­ре­че­но се пре­не­су­ва во ма­ке­дон­ски­от етер, па да мо­же да прет­пос­та­ви што мо­же да се слу­чи. И заш­то го­лем дел од ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри со го­ди­ни ја иг­но­ри­ра­ат аг­ре­сив­на­та срп­ска про­па­ган­да и во ме­ди­у­ми­те, и во кул­ту­ра­та, и во об­ра­зо­ва­ни­е­то, и на ес­тра­да­та, па ду­ри и во ка­фе­ан­ски­от жи­вот.
    За­тоа ми­нис­те­рот Пав­ле Тра­ја­нов бе­ше из­не­на­ден. Нас ни­ко­гаш ниш­то не мо­же да нé из­не­на­ди, ос­вен ко­га ќе се слу­чи.

    3. И Аме­ри­кан­ци­те се из­не­на­де­ни. Ова што им се слу­чи во Скоп­је, не бе­ше по сце­на­ри­о­то на Си-Ен-Ен. Па но­ви­на­рот што са­мо пред три ча­са го про­те­ра­ле од Приш­ти­на, и Ма­ке­до­ни­ја ја знае, ве­ро­јат­но, са­мо од ка­фе­то или вис­ки­то што ус­пе­ал да го ис­пие во лук­суз­ни­от хо­тел, од  “Алек­сан­дар па­лас” дра­ма­тич­но ја­ви де­ка ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те има ан­ти – НАТО и ан­ти-за­пад­но рас­по­ло­же­ние. Тоа го ви­де од про­зо­ре­цот на хо­тел­ска­та со­ба. Не го слуш­на об­ра­ќа­ње­то на пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски. Не­ма пот­ре­ба да чи­та ма­ке­дон­ски ме­ди­у­ми, не гле­да ма­ке­дон­ска те­ле­ви­зи­ја. Не­ма по­им ни де­ка ту­ка жи­ве­ат и Ср­би кои со­чувс­тву­ва­ат со сво­и­те во Ср­би­ја, ни де­ка про­тес­ти­те ги ор­га­ни­зи­ра­ле срп­ски­те ор­га­ни­за­ции, ни де­ка има проб­лем со Ал­бан­ци­те, кој не е нов и не за­поч­на со при­ли­вот на бе­гал­ци од Ко­со­во… Кој­знае да­ли во­оп­што и зна­е­ше ка­де се на­о­ѓа.
    Ма­ке­до­ни­ја е, се­пак, мно­гу по­ком­пли­ци­ра­на за раз­би­ра­ње, от­кол­ку ком­пју­тер­ска­та ани­ма­ци­ја за два­та бом­бар­де­ра што до­ле­та­ле од Ми­су­ри, со по шес­на­е­сет ра­ке­ти за шес­на­е­сет раз­лич­ни це­ли.
    На ком­пју­тер­ска­та ани­ма­ци­ја на Аме­ри­кан­ци­те го не­ма ре­ал­ни­от страв на Ма­ке­дон­ци­те од при­ли­вот на бе­гал­ци и заг­ри­же­нос­та де­ка мо­же да дој­де до из­мес­ту­ва­ње на на­ци­о­нал­на­та струк­ту­ра на др­жа­ва­та, ја не­ма заг­ри­же­нос­та за бед­на­та еко­ном­ска си­ту­а­ци­ја, ја не­ма огор­че­нос­та де­ка за нив во оваа др­жа­ва пос­тои са­мо проб­ле­мот на Ал­бан­ци­те, а не и на си­те дру­ги гра­ѓа­ни. Ком­пју­тер­ска­та ани­ма­ци­ја не го ре­гис­три­ра оча­јот што сме се ро­ди­ле ту­ка, во со­седс­тво­то на Ми­ло­ше­виќ и на­ше­то чув­ство де­ка сме за­бо­ра­ве­ни од Ев­ро­па. На ком­пју­те­ри­те на хо­тел­ски­те из­вес­ту­ва­чи не­ма мес­то за на­ше­то стрес­но жи­ве­е­ње, ве­ќе по­ве­ќе од де­сет го­ди­ни, на­ше­то па­ме­те­ње на стра­во­ти­и­те во Сла­во­ни­ја, бом­бар­ди­ра­ња­та на Са­ра­е­во и Дуб­ров­ник, си­ро­маш­ти­ја­та во Бу­га­ри­ја, безредијата во Ал­ба­ни­ја и зат­во­ре­на­та гра­ни­ца со Гр­ци­ја.
    Да­ле­ку е Ми­су­ри.

    4. Гр­ци­те не би би­ле Гр­ци, ако од се­ко­ја си­ту­а­ци­ја не нап­ра­ват тр­го­ви­ја. Во скоп­ски­те су­пер­мар­ке­ти од грч­ки­от син­џир “Ве­ро” во тек е наг­рад­на иг­ра со со­би­ра­ње ку­пон­чи­ња. Кол­ку по­ве­ќе па­ри пот­ро­шиш тол­ку по­ве­ќе до­би­ваш ку­пон­чи­ња, а со ку­пон­чи­ња­та ти да­ва­ат по­да­рок тен­џе­ри­ња. Ка­ко што трг­на­ле лу­ѓе­то ма­сов­но да па­за­рат во­е­ни ре­зер­ви од хра­на, Гр­ци­те ќе мо­ра да до­не­сат по­ве­ќе тен­џе­ри­ња за ис­па­ни­че­ни­те Ма­ке­дон­ци.
    Тен­џе­ри­ња­та се мно­гу пот­реб­ни во во­е­ни вре­ми­ња. Во нив мо­же да се сва­рат ма­ка­ро­ни. А ко­га ќе сне­ма ма­ка­ро­ни, мо­же да се ста­ват и на гла­ва, на­мес­то шле­мо­ви. И та­ка ќе не­ма­ме гај­ле ако ју­гос­ло­вен­ска­та вој­ска нé ра­ке­ти­ра. Не ни тре­ба НАТО. Ма­ке­дон­ски­те гла­ви ќе ги шти­тат грч­ки тен­џе­ри­ња.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира