ЈОВАН ПАВЛОВСКИ И СНЕЖАНА АНАСТАСОВА-ЧАДИКОВСКА МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

    ЈОВАН ПАВЛОВСКИ И СНЕЖАНА АНАСТАСОВА-ЧАДИКОВСКА МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“Пијанистката Снежана Анастасова-Чадиковска беше и селектор на програмата на Охридско лето (Фото: Охридско лето)

    Ѓулумсер Касапи, Јован Павловски, Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева се годинашните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“.

    Министерството за култура соопшти дека универзитетската професорка Касапи ја добива наградата во областа на воспитанието и образованието.

    Во областа на културата и уметноста, наградата ќе им припадне на писателот Јован Павловски, пијанистката и професорка Снежана Анастасова-Чадиковска и на академската сликарка и костимографка Елена Дончева.

    Наградите ќе бидат врачени на 8 декември во Свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира