БИВШИОТ АВСТРИСКИ КАНЦЕЛАР КУРЦ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА

    БИВШИОТ АВСТРИСКИ КАНЦЕЛАР КУРЦ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТАКурц поднесе оставка од канцеларската функција во октомври, но остана лидер на Народната партија (Фото: ЕПА)

    Бившиот австриски канцелар Себастијан Курц објави дека се повлекува од политиката. Тој кажа дека една од причините за повлекувањето е и што неодамна стана татко.

    „Не сум ни светец, но ни криминалец. Постојаните обвинувања против мене ја згаснаа мојата страст кон политиката, а неодамнешното раѓање на синот ми покажа дека има и поважни работи во животот“, напиша Курц на социјалните мрежи.

    Лидерската улога во Народната партија треба да ја преземе актуелниот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.

    Триесет и петгодишниот Курц поднесе оставка од канцеларската функција во почетокот на октомври откако се најде под истрага за корупција. Тој стана најмладиот демократски избран лидер на светот кога ја предводеше Народната партија до победа на изборите во 2017, кога имаше само 31 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира