„ДАЈНЕРС“ ЈА ВОВЕДЕ ОПЦИЈАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ И ВО СТРАНСТВО

    „ДАЈНЕРС“ ЈА ВОВЕДЕ ОПЦИЈАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ И ВО СТРАНСТВО

    „Дајнерс клуб Македонија“ на 1 декември ја воведе опцијата да се плаќа на рати со картичките на „Дајнерс клуб“, како и да се подигнува готовина на рати низ цел свет.

    „Оваа уникатна новина ‘Дајнерс клуб Македонија‘ ја воведува за првпат, со цел да им излезе во пресрет на сите свои членови кога патуваат во странство. Со новата можност, секоја трансакција и секоја сума на готовина подигната од банкоматите во странство која го надминува износот од 20 евра ќе може да се плаќа на шест рати. Активирањето на услугата автоматски го дели плаќањето на шест рати, што важи за сите трансакции направени во странство и онлајн плаќања на интернационалните веб страници за купување“, велат од „Дајнерс клуб Македонија“.

    За активирање, корисниците на Дајнерс картичките треба еднократно да се најават на бројот 15 155 и потоа ќе можат да ја користат услугата при секое патување надвор од државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира