ПАНЧЕВСКИ СО КОНТРА КРИВИЧНА ЗА СУДИЈАТА ШТО ГО ПРИЈАВИЛ ЗА ПОТКУП

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАНЧЕВСКИ СО КОНТРА КРИВИЧНА ЗА СУДИЈАТА ШТО ГО ПРИЈАВИЛ ЗА ПОТКУП

    Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски денеска бил на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција на Јован Илиевски, во врска со поднесената кривична пријава против него од судијата за прекршоци Иван Џолев. Во истиот момент кога ја дал изјавата пред ова Обвинителство, му поднел тој кривична пријава на колегата што го пријавил, судијата Џолев.

    „По даденото произнесување во врска со наводите во кривичната пријава ја известувам јавноста дека од моја страна на записник пред надлежниот јавен обвинител откако ги слушнав наводите на пријавата и се произнесов по истите отфрлајќи ги како неосновани истовремено поднесов кривична пријава против судијата Иван Џолев за кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ во смисла на чл.366 ,затоа што лажно ме пријавил како сторител на кривично дело од чл.359 од КЗ за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека не сум сторител на кривично дело“, соопшти Панчевски на веб страната на Основниот суд Скопје 1.

    Во соопштението Панчевски кажува точно за што бил пријавен од колегата и повикан во ОЈО за организиран криминал. Џолев него го пријавил за „Примање награда за противзаконито влијание“ од чл.359 ст.3 од Кривичниот законик, што Панчевски го отфрлил во целост. Панчевски, како што пишуваше САКАМДАКАЖАМ.МК, прв му поднел на судијата за јавен ред и мир Џолев дисциплинска постапка против него. Откако пред Советот за утврдување на факти ја поднел преставката, со која, неофицијално, побарал разрешување на судијата Џолев, овој му ја поднел кривичната пријава во Основното јавно обвинителство Скопје, за вршење влијание врз судија за незаконско постапување. Сега Панчевски, по средбата со обвинителот во ОЈО за организиран криминал, му враќа на судијата со кривична пријава.

    За војната што се отворила меѓу нив, молчат обајцата. Заедничко им е и тоа што и двајцата се кандидати за претседатетел на Основниот суд Скопје 1, кој ќе се бира по 11 декември, кога ќе завршат парламентарните избори. Третиот кандидат за ова место е судијата Владимир Туфегџиќ од ОС Скопје 1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира