ЗОРАН СТАВРЕВСКИ ЌЕ ГИ КОНТРОЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

    ЗОРАН СТАВРЕВСКИ ЌЕ ГИ КОНТРОЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕПокрај Ставревски, во работното тело за надгледување на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат и Христијан Мицкоски и Оливер Шамбевски. (Фото: СДК.МК)

    Зоран Ставревски, долгогодишниот министер за финансии во владите на Никола Груевски, ќе биде дел од работното тело на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе ја контролира работата на градоначалниците на партијата. Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, работното тело ќе биде раководено до претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а освен Ставревски, таму ќе биде и Оливер Шамбевски.

    „Во насока на доследно спроведување на проектите ветени пред граѓаните кои добија апсолутна поддршка на последните избори, ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон формирање на работно тело во рамките на партијата  кое ќе  ја следи реализацијата на истите. Во програмите ‘Гарантираме’ се опфатени точно 14.835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат  2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти пред градоначалниците дека овие проекти мора да имаат соодветен план и динамика за развој при што работното тело ќе биде од помош при овозможувањето на совети и размена на знаења при нивното имплементирање. Во работното тело кое ќе биде раководено од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски“, соопштија од партијата по синоќешната средба на Мицкоски со градоначалниците во седиштето на партијата.

    На локалните избори во октомври, ВМРО-ДПМНЕ освои 42 градоначалнички места.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира