Кога Доналд Трамп се сретна со Барак Обама во Белата куќа, едвај можеа да сокријат дека не се поднесуваат. Пред изборите, Трамп го нарече Обама најлошиот претседател во историјата, додека Обама кажа дека републиканскиот кандидат е несоодветен за функцијата.
Магнатот со недвижности, сега победник на претседателските избори, постојано фрлаше сомнеж на легитимноста на изводот од книгата на родените на претседателот, родум од Хаваи, а Обама јавно го исмеваше за тоа. Двајцата синоќа разговараа повеќе од еден час во Овалната соба и кога излегоа пред новинарите се потрудија да го остават зад себе горкото минато, зборувајќи љубезно за единство и мирна транзиција на власта.
Сепак, камерите и фотоапаратите пренесоа поинаква приказна.