КАНСКИОТ ПОБЕДНИК „ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК“  И „СИЕРАНЕВАДА“ ВЕЧЕРВА НА СИНЕДЕЈС

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАНСКИОТ ПОБЕДНИК „ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК“  И „СИЕРАНЕВАДА“ ВЕЧЕРВА НА СИНЕДЕЈС

    Канскиот победник „Јас, Даниел Блејк“на британската легенда Кен Лоуч (во 22 часот), „Непознатата девојка“ на белгиските култни браќа Дарден (во 17.30ч) и „Сиераневада“ на романскиот автор Кристи Пују (во 20ч), се во центарот на денешниот втор фестивалски ден на15. Фестивал на европски филм Синедејс во киното Милениум, што почна вчера.

    „Зошто правите филмски фестивал во време во војна“, е стих кој во електронската музика на тројца урбани музичари од скопската сцена, се мешаат во следниот стих, „зошто правите војна за време на филмски фестивал“. Така, во современ стил на композиција која зборува за препетум мобиле, во темна атмосфера со ѕвездено небо на киноекранот се отвори 15. Издание на Синедејс, во киното „Милениум“, а под покровителство на Град Скопје, чиј градоначалник Коце Трајановски беше на отворањето.

    Музичкиот вовед продолжи со композиција, во фон:„А, каде е Америка“, во меѓупросторот на расчистување од инструментите на сцената, за да почне филмскиот дел со српскиот кандидат за Оскар, „Дневникот на машиновозачот“ на Милош Радовиќ.

    Гостин на фестивалот, кој на крајот се поклони и доби голем и срдечен аплауз беше Лазар Ристовски, главен лик на црната комедија која од публиката со насолзени очи, наместа добиваше аплаузи и за време на проекцијата.

    Програмата продолжи со Франсоа Озон и неговиот нов филм, „Франц“, кој зборува за мистериозна приказна по Првата светска војна, снимена  во црно-бела техника, а главната глумица доби награда во Венеција за млада актерка.

    На програмата се гала премиери од светските фестивали, значајни имиња од условно малите кинематографии, четири филма од петте номининарани за Европскиот оскар, потоа три копродукции во кои учествува и Македонија.

    Два филма се преку „Сестри и брат Митевски, словенечкиот „Ноќен живот“ на Дамјан Козоле и романскиот „Сиераневада“ на Кристи Пују, и хрватскиот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ, преку Дејан Милошевски.

    Има ревија на Орсон Велс, значајни светски музички документарци, балканска програма, филмови за сите со што Синедејс по 15-ти пат ќе го слави европскиот филм.

    Секоја вечер во МКЦ има забава со познати диџеи, а финалето е со Елајџа Вуд, актерот што го игра хобитот Фродо од „Господар на прстените“, кому диџејството му е паралелна професија со актерството. Концертот е на 11 ноември.

    Фестивалот се одвива под мотото:„Го чекаш цела година, го снемува за 10 дена“, ислустриран со тегла ајвар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира