ФИНСКАТА ПРЕМИЕРКА СЕ ИЗВИНИ ШТО ОТИШЛА ВО НОЌЕН КЛУБ ОТКАКО ИМАЛА КОНТАКТ СО ЗАРАЗЕНО ЛИЦЕ

    ФИНСКАТА ПРЕМИЕРКА СЕ ИЗВИНИ ШТО ОТИШЛА ВО НОЌЕН КЛУБ ОТКАКО ИМАЛА КОНТАКТ СО ЗАРАЗЕНО ЛИЦЕНа Сана Марин првично ѝ било кажано дека не мора да оди во изолација (Фото: Гети)

    Финската премиерка Сана Марин се извини што отишла на забава во ноќен клуб откако имала близок контакт со лице заразено со коронавирус. Таа излегла во град во саботата вечер неколку часа откако министерот за надворешни работи имал позитивен тест.

    На Марин првично ѝ било кажано дека не мора да оди во изолација зашто е вакцинирана со две дози, за потоа да не ја види пораката дека сепак мора да се изолира. Триесет и шестгодишната социјалдемократка кажа дека пораката ѝ била пратена на службениот телефон, што го оставила дома. Кога ја видела пораката следниот ден, веднаш се тестирала и резултатот бил негативен.

    „Требаше да направам подобри проценки и да ги проверам препораките. Се извинувам што не сфатив дека треба да го направам тоа“, напиша Марин на Фејсбук.

    Според финските препораки за заштита од ковид-19, секој што е вакциниран со две дози не мора да оди во изолација ако имал контакт со заразено лице. Но, луѓето исто така се советуваат да избегнуваат социјален контакт ако го чекаат резултатот од ковид тестот.

    Марин се соочи со силни критики откако еден таблоид објави фотографии како се забавува во ноќен клуб во Хелсинки, каде што, според очевидците, останала до четири часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира