СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА НА ПОПОВА ШАПКА ОТВОРЕНА СО ДВА ДЕНА БЕСПЛАТНО СКИЈАЊЕ

    СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА НА ПОПОВА ШАПКА ОТВОРЕНА СО ДВА ДЕНА БЕСПЛАТНО СКИЈАЊЕОва е прва зимска сезона на Шар Планина откако беше прогласена за национален парк (Фото: СДК.МК)

    Под мотото „Шарска белина – шарска убавина“, денеска на Попова Шапка се означи почетокот на скијачката сезона. Освен што беа презентирани старите, но и новите можности на Попова Шапка, беше кажано дека овие два дена користењето на ски-лифтовите и жичниците ќе биде бесплатно. Ова е прва зимска сезона на Шар Планина откако беше прогласена за национален парк, а тоа, според министерот за животна среднина Насер Нуредини, значи дека во иднина овде ќе се практикуваат решенија базирани на природата.

    „На крајот на годината, свечено го одбележуваме прогласувањето на нашиот национален парк Шар Планина. Денеска презентираме и промовираме дека истовремено се можни зачувување на нашите природни вредности и одржлив економски развој. Овој историски успех е резултат на долгогодишни напори на многу чинители да се постигне баланс помеѓу потребите на човекот и природата и опстанокот на ретки и ендемски видови. Користењето на природниот потенцијал за одржлив развој на целиот регион е мојата визија за тоа како треба да изгледа социо-економскиот развој“, изјави Нуредини.

    Директорот на Елем турс“, Адем Авзиу, која стопанисува со скијачките и со дел од угостителските капацитети на Попова Шапка, потсети на спроведените мерки и активности за почнување на ски-сезоната и за подобри услови за престој.

    Имавме неколку напорни месеци за да создадеме подобри услови за скијачите. Ски-центарот Попова Шапка денес е водечки за скијањето во нашата држава и региониот“, рече Авзиу.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира