Вкупниот долг на Општина Тетово изнесува над 24 милиони евра и градоначалникот Билал Касами јавно ја објави оваа поразителна бројка на голем билборд кај зелениот пазар.
„Општина Тетово должи 14 милиони евра, од кои речиси 9.400.000 кон приватниот сектор. Долгот кон јавниот сектор изнесува речиси два милиона евра, како и 400.000 евра кон физички лица. Исто така, околу 6.000.000 евра се водат како сомнителни договорни обврски кои ги направила претходната власт. Долгот на Јавното комунално претпријатие изнесува 9.700.000 евра, а на ЈП ‘Градски паркинг‘ 187.000 евра.
Заедно со другите неисплатени обврски, Општина Тетово вкупно должи 1.477.120.659 денари или во евра, 22.018.222“, соопштуваат од Општина Тетово.
Пред четири години, долгот на Општина Тетово изнесуваше 15 милиони евра и половина, односно 7,5 милиони евра, беше отплатен од Владата. За само четири години во последниот мандат на градоначалничката Теута Арифи направен е нов долг во висина од 14 милиони евра.