Од денеска за влез во Грција е задолжителен негативен резултат од ПЦР или рапид тест за ковид-19, мерка што важи за сите патници со наполнети пет години, меѓу кои и оние од Македонија, без разлика дали се вакцинирани или не или дали прележале ковид-19. Ова е привремена и вонредна мерка за празничниот период во пресрет на Божиќ и Нова година, а засега, одлуката е со траење до 10 јануари 2022.
Негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет ПЛФ формулар се задолжителни за влез во Грција. Дополнително, невакцинираните и оние кои не прележале ковид-19, а пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Македонија, задолжително ќе бидат тестирани по влезот во Грција, што е пракса подолг период.