НЕМА ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ВО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА, КАКО И БАЗЕНИ И ГАРАЖИ, РЕЧЕ БОЧВАРСКИ ОТКАКО ЗАКОНОТ ПОМИНА НА ВЛАДА И ОДИ ВО СОБРАНИЕ

    НЕМА ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ВО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА, КАКО И БАЗЕНИ И ГАРАЖИ, РЕЧЕ БОЧВАРСКИ ОТКАКО ЗАКОНОТ ПОМИНА НА ВЛАДА И ОДИ ВО СОБРАНИЕВо предлог-законот предмет на легализација ќе бидат објекти кои се бесправно изградени до 1 јануари 2021 година. (Фото: СДК.МК)

    Новиот Закон за легализација на дивоградбите помина на Влада и веќе е доставен на разгледување и усвојување во Собранието. Како што кажа на денешната прес-конференција министерот за транспорт и врски Благој Бочварски овој закон е различен од претходниот за кој јавноста реагираше.

    Во предлог-законот, предмет на легализација ќе бидат објекти кои се бесправно изградени до 1 јануари 2021 година. Нема да може да се легализираат дивоградби изградени во границите на Охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, во граници на заштитени подрачја и тоа Зона за строга заштита и Зона за активно управување, објекти изградени во споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, како и објекти изградени во подрачје на заштитено недвижно културно наследство. Исто така нема да можат да се легализираат дивоградби изградени на сообраќајници и на подрачја на кои со урбанистичките планови е предвидена изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон.

    „Нема да може да се легализираат згради како и доградби и надградби на зградите со намена А2, сите видови на времени објекти како базени или гаражи, сите видови на урбана опрема, помошни објекти кои се во функција на друг објект и еден барател ќе може да легализира само еден објект.

    За легализацијата нема да се плаќа како досега по едно евро за метар квадратен туку за објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 50 отсто, како казна за бесправното градење, за објект со површина над 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 100.

    „Го зголемуваме опфатот на граѓани и целни групи кои нема да плаќаат надомест за легализација на бесправно изграден објект, а со тоа излегуваме во пресрет на социјално загрозените лица и граѓаните со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со тоа што овие категории на граѓани ќе бидат ослободени од надоместокот за легализација. Овој Закон е исклучително важен за решавање на правниот статус на голем број на инфраструктурни проекти низ државата, електронски комуникациски мрежи и кабелска канализација, преку поедноставена постапка која што ќе ја води Агенцијата за катастар на недвижности“, додаде Бочварски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира