„СЕСТРИ“ НА ДИНА ДУМА ОД ДЕНЕС ИГРА НА СТРИМИНГ ГИГАНТОТ „НЕТФЛИКС“

    „СЕСТРИ“ НА ДИНА ДУМА ОД ДЕНЕС ИГРА НА СТРИМИНГ ГИГАНТОТ „НЕТФЛИКС“Во главните улоги во „Сестри“ се Миа Жиро и Антонија Белазелкоска. (Фото: „Лист продукција“)

    Сестри“, дебито на режисерката Дина Дума, од денеска е првиот  македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.

    Светската премиера на „Сестри“ беше во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот. Филмот е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога се соочени со последиците од нивното однесување, а македонската фестивалска премиера беше на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, а во моментов игра во киното Милениум во Скопје.

    Во главните улоги во „Сестри“ се Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Во продукција на „Лист продукција“, продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите на Роза Трајческа-Ристовска, шминката е на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев-Новоградска.

    Филмот беше македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија.

    Дума го сними филмот во 2019, на урбани локации низ Скопје. „Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и е регионална копродукција со Црна Гора и Косово.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира