ОСНОВАЧОТ НА ВИКИЛИКС ЏУЛИЈАН АСАНЖ ИСПРАШАН ОД ОБВИНИТЕЛИ ВО ЕКВАДОРСКАТА АМБАСАДА ВО ЛОНДОН

a:1:{s:9:"td_source";s:19:"Лондон(АП)

    ОСНОВАЧОТ НА ВИКИЛИКС ЏУЛИЈАН АСАНЖ ИСПРАШАН ОД ОБВИНИТЕЛИ ВО ЕКВАДОРСКАТА АМБАСАДА ВО ЛОНДОН

    Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска беше испрашуван од обвинителите поради сомнежи за сексуална злоупотреба што наводно ја извршил пред шест години во Шведска.

    Асанж бешел испрашуван во Еквадорската амбасада во Лондон, каде што побара засолниште пред повеќе од четири години. Испрашувањето го правел еквадорски обвинител во присуство на шведската главна обвинителка Ингрид Исгрен и еден шведски истражител.

    Шведските претставници бараат информации во врска со наводите за сериозен криминал на Асанж од страна на две Швеѓанки, кои Асанж ги сретнал во 2010.

    Некои од наводните дела веќе не се под истрага. Сепак, Асанж се испрашува за можно силување на една од жените која им се пожали на властите.

    Обвинителите рекоа нема да има јавни изјави по сослушување на Асанж, кое може да трае неколку дена.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира