ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ ДОДЕЛЕНИ БЕЗ ТВ-ПРЕНОС И ПРИСУСТВО НА ЅВЕЗДИ, ТРИУМФИРАА „ПРИКАЗНА ОД ЗАПАДНАТА СТРАНА“ И „МОЌТА НА КУЧЕТО“

    ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ ДОДЕЛЕНИ БЕЗ ТВ-ПРЕНОС И ПРИСУСТВО НА ЅВЕЗДИ, ТРИУМФИРАА „ПРИКАЗНА ОД ЗАПАДНАТА СТРАНА“ И „МОЌТА НА КУЧЕТО“Бенедикт Камбербач во сцена од „Моќта на кучето“, кој освои три златни глобуси (Фото: АП)

    Римејкот на „Приказна од западната страна“ е прогласен за најдобра комедија/мјузикл, а вестернот „Моќта на кучето“ за најдобра драма на 79. Златни глобуси. Церемонијата се одржа во хотел во Лос Анџелес и не се пренесуваше на телевизија, немаше црвен тепих и не присуствуваа ѕвезди и публика, а имињата на добитниците повремено се објавуваа на социјалните мрежи.

    Ова следува откако Холивудското здружение на странски новинари, кое стои зад некогаш престижните филмски и телевизиски награди и главен предвесник на Оскарите, лани се соочи со обвинувањата за корупција и недостиг на различности во своите редови, па голем број филмски студија, славни личности и пи-ар фирми се оградија од него.

    Џејн Кемпион стана третата режисерка која се закити со златен глобус, за „Моќта на кучето“, за најдобри актери во драма се прогласени Вил Смит („Кралот Ричард“) и Никол Кидман („Being the Ricardos“), а во комедија/мјузикл Ендрју Гарфилд („Тик, тик… бум!“) и Рејчел Зеглер („Приказна од западната страна“).

    За најдобра споредна улога се наградени Коди Смит-Мекфи („Моќта на кучето“) и Аријана Дебоуз („Приказна од западната страна“).

    Златниот глобус за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје го освои јапонскиот „Вози го мојот автомобил“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира