АВСТРИЈА ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ПОЧНУВА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА

    АВСТРИЈА ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ПОЧНУВА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈААвстрискиот канцелар Карл Нехамер кажа дека новиот закон не претставува битка меѓу вакцинираните и невакцинираните, туку битка за целото општество да живее слободно повторно. (Фото: АПА)

    Задолжителна вакцинација против ковид-19 ќе стапи во сила во Австрија на почетокот на февруари, според предлог-закон претставен денеска од владата во Виена.

    Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите австриски граѓани над 18 години, а случајни проверки на населението ќе почнат во средината на март, кажа министерот за здравство Волфганг Микштајн. Оние кои одбиваат да се вакцинираат ќе бидат казнети помеѓу 600 и 3.600 евра, откако ќе им биде дадена уште една шанса да се вакцинираат со конкретен рок.

    Исклучок од законот ќе бидат бремените жени и секој кој не може да се вакцинира од медицински причини. Прележаните можат да не се вакцинираат во наредните 180 дена.

    Канцеларот Карл Нехамер кажа дека новиот закон не претставува битка меѓу вакцинираните и невакцинираните, туку битка за целото општество да живее слободно повторно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира