Долниот дом на австрискиот парламент денеска го усвои законот со кој вакцинирањето против ковид-19 ќе стане задолжително на 1 февруари, што е прва таква мерка во Европа. Одлуката ќе се однесува на сите лица со 18 и повеќе години, а изземени ќе бидат трудниците, лицата кои не смеат да се вакцинираат од медицински причини и оние кои го прележале ковид-19 во изминатите шест месеци.
Законот сега мора да биде помине во горниот дом и да го потпише претседателот Александер фон дер Белен, што треба да биде формалност.
Соочувајќи се со ниска стапка на имунизација (72%) и со постојан пораст на бројот на заразени, владата во ноември најави дека ќе го направи вакцинирањето задолжително. Од 15 март, полицијата ќе прави рутински проверки на вакциналниот статус, а оние кои нема да покажат доказ, ќе добијат казна од 600 евра, која доколку неуспешно се жалат може да порасне до 3.600 евра.