ОШТЕТЕНИ ГРОБОВИ КАЈ ЦРКВАТА „СВ. СПАС“ ВО ВЕЛЕС, СОПСТВЕНИЦИТЕ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА КРАДЦИ БАРАЛЕ НАКИТ

    ОШТЕТЕНИ ГРОБОВИ КАЈ ЦРКВАТА „СВ. СПАС“ ВО ВЕЛЕС, СОПСТВЕНИЦИТЕ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА КРАДЦИ БАРАЛЕ НАКИТОштетени се десетина гробови близу црквата „Св. Спас“. (Фото: СДК.МК)

    Неколку гробишта во близина на црквата „Св. Спас“ од Велес се оштетни, на некои се копало, а на некои се фрлени или скршени надгробните плочи. Од СВР Велес велат дека се работи на расчистување на случајот.

    „Отидов на гробот од брат ми  во четвртокот, кога гледам дека гробот од сопругата е ископуван. Земјата беше пресна, за разлика од соседниот гроб на синот и братот. Се гледа дека била ископана па префрлена и вратена. Не можам да верувам дека некои лица барале нешто. Срамота и болно се мали зборови“, вели велешанец.

    Тој прошетал во околината и видел  дека има уште пет во близина, каде се гледа дека е свежо копано и пребарувано. Има и искршени споменици и дрвени крстови.

    „Во сите свежо сквернавени гробови се погребани лица под пред 10-15 години. Ако добро се забележи сите се копани до пола, не во долниот дел, или е скршена плочата од гробот во горниот дел. Тоа јасно кажува дека лицата што го сториле ова, барале накит, бидејќи во тој дел каде се копало, се рацете на покојните и главата, каде може има прстени или ланчиња“, вели револтирано велешанецот.

    Тој верува дека повеќе лица ископувале. Низ гробишта од црквата „Св. Спас“ минува и локална улица, која е многу фреквентна.

    Пред две години, на почетокот од февруари, по реакциите на граѓаните дека на гробиштата од црквата „Св. Спас“ се вршат кражби и напади врз жени кои се во посета на гробните места, им се одзема накит и злато, во полициска акција беше пукано во полицаец од цивил. Тој беше застрелан со четири куршуми, сторителите беа уапсени и се наоѓаат на одлежување казна затвор.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира