ПОЛИЦИСКА АСИСТЕНЦИЈА НАПРАВИ ПАНИКА ВО БРЕСТ ПОРАДИ ПРЕМЕР НА ШУМА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИСКА АСИСТЕНЦИЈА НАПРАВИ ПАНИКА ВО БРЕСТ ПОРАДИ ПРЕМЕР НА ШУМА

    Жители на скопското село Брест се вознемирени поради полициска акција која трае веќе 24 часа, јави порталот на албански јазик „Журнал“. Од МВР ни изјавија дека од Катастарот им била побарана асистенција од специјални полициски единици за приватна работа, за премер на шума и сеча на дрва.

    „Ова е дел од оперативната акција на МВР „Гора“ за нелегална сеча на дрва“, велат од МВР.

    Во селото Брест се присутни многу полицајци, а над селото летаа и полициски хеликоптери.

    „Брест е блокирано од полиција, не можеме да излеземе од дома. Не знам зошто толку многу полиција веќе 24 часа се наоѓа во нашето село“, изјави жител на селото за „Журнал“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира