Ве повикуваме да го споделите своето искуство со нас, за да ни помогнете во претстојното истражување за работата на испитните комисии за полагање за возачка дозвола и на автошколите.
Исклучително ретко се случува некој кандидат да положи од прва за возачка дозвола. Тие што сакаат да станат возачи се принудени уште по неколку пати да плаќаат за полагање, а често и за дополнителни часови.
Целта ни е да истражиме дали кандидатите се слаби и заслужено паѓаат по неколкупати, или испитните комисии намерно ги туркаат од финансиски причини.
Прашањето е особено чувствително периодов, по неколкуте собраќајки со жртви прегазени на пешачки премин, што ја вознемирија јавноста. Затоа, редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК категорично изјавува дека не смета оти испитните комисии треба да замижуваат и да ги пуштаат неспособните кандидати да положат.
За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (Податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате):