ЦРНОГОРСКИОТ ПРЕМИЕР КРИВОКАПИЌ НАЈАВИ ДЕКА УТРЕ ЌЕ ГО СМЕНАТ И ПОБАРА ОД ГРАЃАНИТЕ ДА ОСТАНАТ МИРНИ

    ЦРНОГОРСКИОТ ПРЕМИЕР КРИВОКАПИЌ НАЈАВИ ДЕКА УТРЕ ЌЕ ГО СМЕНАТ И ПОБАРА ОД ГРАЃАНИТЕ ДА ОСТАНАТ МИРНИКривокапиќ го обвини претседателот Ѓукановиќ дека договорил негова смена (Фото: БЕТА)

    Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ најави дека утре ќе биде сменет во парламентот, со што ќе падне и владата. Тој ги повика граѓаните да не излегуваат на улица, како и на следните избори да не гласаат за оние кои нема да ги застапуваат нивните интереси.

    „Јасно ми е, утре ќе го сменат претседателот на владата. Утре ќе ја сменат оваа влада. Но, овој народ не можете да го смените, тој е посилен од секоја политика“, им се обрати Кривокапиќ на граѓаните.

    Тој беше предводник на коалицијата „Одлучно за Црна Гора“, која ги порази социјалистите на Мило Ѓукановиќ на изборите во август 2020.

    „Не излегувајте на улица! Вашата безбедност е поважна од сите игри и интереси“, кажа Кривокапиќ.

    Тој се обрати откако пратениците денеска не го усвоија дневниот ред на вонредната седница на која требаше да се расправа за иницијативата за смена на вицепремиерот Дритан Абазовиќ. Кривокапиќ побара негово разрешување откако коалицијата „Црно на бело“ и опозициските пратеници побараа да се гласа за доверба на владата, за што парламентот ќе расправа утре. Тој го обвини претседателот Ѓукановиќ дека ја договорил неговата смена со дел од владејачката коалиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира