ПОЧИНА МАРКО БРЕЦЕЉ, ФРОНТМЕНОТ НА КУЛТНАТА ГРУПА „БУЛДОЖЕР“

    ПОЧИНА МАРКО БРЕЦЕЉ, ФРОНТМЕНОТ НА КУЛТНАТА ГРУПА „БУЛДОЖЕР“Брецељ долги години работеше како независен уметник и изведуваше перформанси (Фото: Пиксел)

    Легендарниот словенечки музичар, уметник и активист Марко Брецељ почина на 71 година.

    Брецељ беше активен на уметничката сцена речиси половина век, прво како основач, фронтмен и текстописец на култната група „Булдожер“, со која објави три албуми и изврши големо влијание врз југословенската панк сцена и движењето нов бран.

    „Марко Брецељ е уметник кој тешко може да се дефинира зашто во својот долг творечки живот промени неколку идентитети и во словенечката јавност се појави во разни персонификации“, кажа жирито кога му ја додели наградата „Јеж“ на РТВ Словенија.

    Брецељ ја напушти групата „Булдожер“ во 1979 и потоа не сакаше многу да зборува за неа. Потоа продолжи да работи како независен уметник, што вклучи и изведување перформанси и со голем успех го водеше Културно-уметничкиот и мултимедијален центар во Копер. Се занимаваше и со политика, па беше градски советник во Копер и ја оформи партијата Акација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира