ЕУ Е ЕДИНСТВЕНИОТ МОРКОВ СО КОЈ РАСПОЛАГА БУГАРИЈА ДА ГО РЕШИ ПРАШАЊЕТО СО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ЗАХАРИЕВА

    ЕУ Е ЕДИНСТВЕНИОТ МОРКОВ СО КОЈ РАСПОЛАГА БУГАРИЈА ДА ГО РЕШИ ПРАШАЊЕТО СО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ЗАХАРИЕВАЗахариева вели дека успех за Бугарија би било ако бугарските барања бидат вклучени во преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. (Фото: Фејсбук)

    Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, сега пратеник, вели дека ЕУ е морковот со кој што располага Бугарија да ја принуди Македонија да се реформира, во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“.

    „Бугарскиот интерес е Република Северна Македонија да се реформира. Очигледно, единствениот морков за тие реформи е ЕУ. Да, тоа е морковот со кој што располага Бугарија во моментов. Тоа е вистината“, вели Захариева.

    Таа вели дека успех за Бугарија би било ако бугарските барања бидат вклучени во преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

    „Фокусот на Скопје беше во тоа не да почнат преговорите со ЕУ, туку да не бидат вклучени бугарските барања во преговарачката рамка. Да го направат прашањето билатерално. А тоа не е само билатерално, тоа е европско прашање. Нашата цел треба да биде да издржиме, дека прашањето е европско“, кажа Захариева.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира