По 45 ПЦР теста за три недели, пропуштена трка и изгубениот багаж сосе целата опрема, американскиот лизгач Скот Досон конечно си го оствари сонот да настапи на Олимписки игри, и тоа со позајмени лизгалки.
Дваесет и едногодишниот Досон имаше позитивен тест за ковид-19 минатиот месец и со задоцнување пристигна во Пекинг поради хаос околу тестирањето. Кога конечно добил зелено светло да оди, Досон патувал 9.600 километри од Солт Лејк Сити преку Париз до Пекинг и стигнал 12 часа пред трката на 1.500 метри, на која заврши претпоследен.
„Јас сум среќен со самото тоа што сум тука, зашто не очекував да бидам“, изјави Досон.
Тој претходно ја пропушти трката на 5.000 трки, зашто место два, му барале четири негативни теста по ред, па не можеше да патува за Пекинг со остатокот на американскиот тим.
„Тука не завршија моите проблеми. Кога слетав, ми го немаше целиот багаж“, се пожали Досон.
За да може да настапи барем на 1.500 метри, тој позајмил лизгалки од конкурентот на трката Харалдс Силовс.