Композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана, почина во Мелбурн, Австралија по повеќегодишно тешко боледување. Имаше 66 години.
Тој беше поранешен сопруг на пејачката Маријана Сариќ, која со сестра си близначка Росана ги испеаја неговите најголеми хитови, како антологиските „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“. Новачевски ја пееше насловната песна „Урде чавен“ на ТВ-серијата „Трст виа Скопје“.
Новачевски е роден во Битола, а повеќе децении живееше во Мелбурн. Во бракот со Маријана имаа две деца.