ИСЧЕЗНА ДРЕВЕН ЧИЛЕАНСКИ ЈАЗИК ОТКАКО ПОЧИНА ПОСЛЕДНАТА ЖЕНА КОЈА ГО ЗБОРУВАШЕ

    ИСЧЕЗНА ДРЕВЕН ЧИЛЕАНСКИ ЈАЗИК ОТКАКО ПОЧИНА ПОСЛЕДНАТА ЖЕНА КОЈА ГО ЗБОРУВАШЕВо 2009, чилеанската влада ја прогласи Кристина Калдерон за „живо човечко богатство“ (Фото: АФП)

    Кристина Калдерон, последниот човек кој го зборувал древниот чилеански јазик јаган, почина на 93 години, што претставува силен удар за културата на крајниот југ на земјата. Во 2009, чилеанската влада ја прогласи Калдерон за „живо човечко богатство“ за нејзината работа на зачувување на култура во ризик од исчезнување.

    Мелодичниот јазик јаган нема пишана форма. Калдерон се обиде да го зачува своето знаење создавајќи речник на јазикот, со превод на шпански. По смртта на нејзината сестра во 2003, таа остана последниот човек кој можеше да го зборува јазикот.

    „Заедно со неа, замина важен дел од културната меморија на нашиот народ“, изјави ќерката на Калдерон, Лидија Гонсалес.

    Иако сè уште има десетици живи припадници на јаганската заедница, низ генерациите, луѓето престанале да го учат јазикот, кој се смета за изолиран, зашто било тешко да се одреди потеклото на зборовите.

    „Јас сум последниот говорник на јаган. Други можат да го разберат, но не го зборуваат или не го знаат како мене“, кажа Калдерон во 2017.

    Јаганскиот народ живеел во зафрлен регион на Чиле околу 6.000 години и броел 3.000 припадници пред да дојдат европските доселеници пред 150 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира