Активисти и болнички извори велат дека избиле меѓуплеменски судири во јужна Либија откако три младичи нас’скале припитомен мајмун на средношколка и тоа испровоцирало убиство на најмалку 20 луѓе.
Семејството на девојката сакало да се одмазди откако мајмунот ја гризнал и изгребал минатата недела и ги убило тројцата младичи и животното.
Бадер ал-Дахели, активист за човекови права, денес рече дека двете најголеми племиња во градот Саба во јужна Либија, Авлад Сулеиман и Гададфа, се поддржани од вооружени групи. Абдел-Рахман Ареиш, шеф на болницата во Саба, рече дека има 20 убиени и најмалку 50 ранети.
Безбедносната состојба во Либија е во хаотична состојба по протерувањето и убиството на долгогодишниот диктатор Моамер Гадафи во 2011 година.
Голем дел од земјата е под власт на мрежа од локални или племенски милиции.