РУСКИ ВОЕН КОНВОЈ ДОЛГ 64 КИЛОМЕТРИ ОДИ КОН КИЕВ, САД ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ДОЛГА И КРВАВА БИТКА ЗА ГРАДОТ

    РУСКИ ВОЕН КОНВОЈ ДОЛГ 64 КИЛОМЕТРИ ОДИ КОН КИЕВ, САД ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ДОЛГА И КРВАВА БИТКА ЗА ГРАДОТКонвојот се наоѓа на 25 километри од центарот на Киев, покажуваат снимките на американската сателитска компанија „Максар“

    Руски конвој на оклопни возила, тенкови и друга воена опрема долг 64 километри напредува кон Киев, покажуваат сателитските снимки, поради што САД веруваат дека градот се соочува со долга и крвава битка. Вчера се засилија и гранатирањата на вториот најголем град Харков, каде што наводно загинале десетици цивили и претседателот Володимир Зеленски верува дека Русија на тој начин сака да го натера на отстапки.

    „Верувам дека Русија се обидува да изврши притисок со едноставен метод. Киев не е подготвен на отстапки кога една страна ја гаѓа другата со артилерија. Тие сакаат да ја скршат нашата татковина и затоа главниот град се наоѓа под постојана закана“, изјави Зеленски.

    Американските сенатори предупредија дека во Киев се подготвува битка за секоја улица, откако Русите во првите денови од инвазијата не ги постигнале очекуваните цели, што се должи на жестокиот отпор од украинските сили и сопствените логистички грешки.

    Рускиот конвој се наоѓа на 25 километри од центарот на градот, покажуваат снимките на американската сателитска компанија „Максар“. Тие покажуваат и распоредување на руски копнени сили и хеликоптерски единици во јужна Белорусија.

    „Разузнавачките податоци кажуваат дека Русија ќе се обиде да го отсече Киев во наредните недели. Битката за Киев ќе биде долга и крвава, а Украинците забрзано се подготвуваат за улична борба“, вели сенаторот Крис Марфи.

    Извештаите велат дека руските сили го окружиле градот Керсон во јужна Украина, во близина на Крим.

    „Керсон е окружен, на сите страни има многу руски војници и воена опрема“, изјави новинарката Алена Панина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира