Манекенките на Скопскиот моден фестивал носеа листови со пораки за мир за време на модната ревија на креаторката Сара Реџиќ. На листовите пишуваше „Слободна Украина“, „Мир“, „Мир за Сирија“, пречкртан зборот „Војна“… Целата ревија на Реџиќ беше во стилот на повици за мир во контекст на актуелната воена инвазија на Русија врз Украина.
На втората вечер на модниот фестивал што се одржува во скопскиот „Сити мол“ се претставија модните дизајнери Евгенија Зафировска со Теја Јеглиќ, СТЛ Студиос, Сара Реџиќ и Суперстејси.
Модните ревии продолжуваат и в недела.
Повеќе фотографии на инстаграм профилот на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК – @sdkmk
А. МИХАЈЛОВСКА