ДА СЕ УКИНАТ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД ЗОНИТЕ ЗА ДА НЕ КОЛАБИРА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД, ПРЕДЛАГА РАФАЈЛОВСКИ ОД СТОПАНСКАТА КОМОРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДА СЕ УКИНАТ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД ЗОНИТЕ ЗА ДА НЕ КОЛАБИРА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД, ПРЕДЛАГА РАФАЈЛОВСКИ ОД СТОПАНСКАТА КОМОРА

    Да престане субвенционирањето на придонесите на компаниите од зоните и следните 10 години вработувањето во администрацијата да биде строго контролирано. Ова се две од неколкуте неопходни мерки кои ги предлага д-р Горан Рафајловски, основач на „Рафајловски консалтинг“ и потпретседател на Стопанската комора на Македонија за создавање одржлив пензиски систем.

    „Ако од Буџет од 3,3 милијарди евра кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се префрлуваат дотации од 470 милиони евра, тоа е речиси 15 отсто од буџетот. Тоа е износ што ниту една држава не може да го долгорочно да го издржи. Во иднина износот само ќе се зголемува“, вели д-р Рафајловски.

    Во Македонија има 650.000 вработени, од кои во јавна администрација се 182.000, со договори на дело 30.000, во зоните и јавните претпријатија 40.000. Остануваат 400.000 вработени во стопанството кои треба да ги издржуваат на месечно ниво тие 250.000 и 300.000 пензионери.

    „Бројките покажуваат дека пензискиот систем ни е потполно неодржлив. За промена на состојбите неопходно е прво да се зголеми процентот на придонесот за пензија. На секои 2 години по 1%, до најмногу 3%. Второ, треба да се известат компаниите од технолошко индустриските развојни зони дека субвенционирањето на придонесите ќе престане и дека ќе мора да плаќаат на минималец. Ова е изводливо доколку им се даде рок од три години да се подготват. И трета мерка, која е најнепопуларна но неопходна, е да се зголеми старосната граница за пензионирање на 65 години за жени и 67 години за мажи“, предлага д-р Рафајловски.

    Неопходни, според него, се и дополнителни зафати – треба да се зголемува бројот на вработени во Македонија, строго да се контролира вработувањето во администрацијата во следните 10 години.

    „Ако не се преземат овие мерки, Фондот најмногу за 10, а реално за 5 години ќе колабира. Зашто, ќе треба 30% од Буџетот да оди како дополнување на Фондот за ПИОМ а тоа Буџетот нема капацитет да го издржи. Нема држава што може 30% од Буџетот да го префрлува за пензии“, укажува д-р Рафајловски.    

    Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера препорача да се разгледа опцијата Владата да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да се имплементираат политики за зголемување на активната работна сила и зголемување на придонесите. Во најновиот извештај за Македонија, Фондот предупредува дека обезбедувањето одржливост на пензискиот систем е важна среднорочна цел.

    ММФ смета дека актуелниот пензиски систем во Македонија се соочува значителна финансиска нерамнотежа поради стареењето на популацијата и намалување на придонесите. Пензискиот дефицит, кој изнесува 4,5 отсто од БДП се планира да се зголеми двојно до 2030-та година, доколку не се спроведат сериозни промени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира