ПАК НЕ БЕА ИЗБРАНИ ПЕТТЕ ОБВИНИТЕЛИ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ДОШОЛ „НА РАБОТА“, А НЕ ДОЈДЕ НА СЕДНИЦА

    ПАК НЕ БЕА ИЗБРАНИ ПЕТТЕ ОБВИНИТЕЛИ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ДОШОЛ „НА РАБОТА“, А НЕ ДОЈДЕ НА СЕДНИЦАНеколку недели веќе, обвинителите од организиран на кои им е истечен мандатот, на свои обвиненија, односно судски процеси, доаѓаат само како придружба на колеги, кои се со тековен мандат и веќе им ги зеле предметите. - Од денешната седница на Советот на јавни обвинители (Фото: СДК.МК)

    Во Советот на јавни обвинители, од непознати причини за претседателот Антонио Јолевски, не дојдоа речиси половина од членовите на денешната седница, закажана уште минатата недела, токму кога требаше да се бираат петте обвинители за организиран криминал и корупција, во тимот на Вилма Русковска.

    Додека Јолевски нервозно одеше да ги бара отсутните по канцеларии, коментираше со присутните колеги дека еден од членовите кој не беше тука за седницата, го видел како влегува утринава на влезната врата.

    Контроверзи имаше и на последниот голем избор на обвинители за организиран криминал, особено за изборот на обвинители за Вишо јавно обвинителство на Скопје.

    Тогаш новинарите издејствуваа поради пандемијата и малата просторија во Советот, изборот да оди преку пренос во живо од агенцијата МИА. Тогаш се виде дека повеќето од избраните биле однапред договорени имиња, зашто за разлика од дискусиите во Судскиот совет при избор на судии, тука немаше објаснување ниту зошто некој беше избран тој ден, ниту зошто не беше избран.

    Овојпат идејата за директен пренос не ја прифатија членовите на Советот на јавни обвинители. На новинарско прашање, Јолевски кажа дека сам не одлучува за тоа, туку советот, колективно.

    Денеска беа дојдени 12-тина новинари и сниматели. Уште веднаш ни беше кажано да одбереме „кои двајца-тројца да влезат зашто просторијата внатре е многу мала и нема услови за присуство на сите”. Опцијата беше, останатите новинари да слушаат од ходникот.

    Неколку недели веќе, обвинителите од организиран на кои им е истечен мандатот, на свои обвиненија, односно судски процеси, доаѓаат само како придружба на колеги, кои се со тековен мандат и веќе им ги зеле предметите. Дел од овие обвинители со истечен мандат, се имаат кандидирано повторно и денеска требаше да се знае каде продолжуваат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира