Руската новинарка Марина Овсјаникова доби парична казна за вчерашниот упад во програмата на државната телевизија „Канал еден“, кога со транспарент ги осуди војната во Украина и руската медиумска пропаганда. Таа денеска се појави во суд во Москва под обвинение за организирање неодобрен јавен настан, за што беше казнета со 30.000 рубљи (280 долари).
Нејзиниот транспарент „Не на војна, запрете ја војната, не верувајте на пропагандата, ве лажат тука“, со кој застана зад водителката на вечерните вести, беше видлив неколку секунди, пред програмата да биде прекината. Овсјаникова исто така може да се чуе како извикува „Запрете ја војната“. Кремљ го опиша протестот како хулиганизам.
Овсјаникова била приведена по протестот, по што нејзините адвокати не можеле да стапат во контакт со неа. Тие и натаму стравуваат дека дополнително би можело да ѝ се суди според неодамна донесениот закон кој забранува ширење „лажни вести“ за инвазијата на Украина, за што може да се добие до 15 години затвор.
Таа претходно оставила снимена видеопорака, во која ги повика Русите да протестираат против војната и кажа дека се срами што учествувала во ширењето на пропагандата на Кремљ,