БОРИСОВ Е УАПСЕН ЗА РЕКЕТИРАЊЕ НА БУГАРСКИОТ ОЛИГАРХ БОЖКОВ

    БОРИСОВ Е УАПСЕН ЗА РЕКЕТИРАЊЕ НА БУГАРСКИОТ ОЛИГАРХ БОЖКОВАдвокатот на Борисов вели дека станува збор за снимките со купчиња пари и златни прачки од спалната на Борисов, објавени минатата година. (Фото: Твитер)

    Дојава за изнуда од коцкарскиот магнат Васил Божков е причината за поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов да биде уапсен вчеравечер. Според неговиот адвокат Менко Менков, истрагата нема врска со Европското јавно обвинителство, иако претходно бугарската полиција објави дека истрагата е поврзана со 120 дојави до обвинителството на Лаура Ковеши, шефицата на Канцеларијата на Европското јавно обвинителство.

    Министерот за финансии Асен Василев потврди дека станува збор за дојава од Божков. И самиот Божков е под неколку обвиненија поврзани со даноци од коцкарскиот бизнис и во јуни се најде на црната листа на САД.

    Божков во истрагата кажал дека дал над 60 милиони лева поткуп на Борисов, а на Фејсбук напиша дека дал неспорни докази за „најголемиот рекет во историјата на Бугарија“

    Адвокатот на Борисов вели дека станува збор за снимките со купчиња пари и златни прачки од спалната на Борисов, објавени минатата година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира