СЛОВЕНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ЈА ОТВОРИ СВОЈАТА АМБАСАДА ВО КИЕВ

    СЛОВЕНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ЈА ОТВОРИ СВОЈАТА АМБАСАДА ВО КИЕВЈанез Јанша на 15 март го посети Киев заедно со премиерите на Чешка и Полска (Фото: Влада на Словенија)

    Премиерот Јанез Јанша објави дека претходно евакуираниот персонал од словенечката амбасада ќе биде вратен во Киев. Тој појасни дека вратените дипломати ќе бидат волонтери.

    „Словенија наскоро повторно ќе испрати свои дипломати во Киев. Сите се волонтери. Работиме на тоа и Европската Унија да го направи истото. На Украина ѝ треба дипломатска поддршка“, напиша Јанша на Твитер.

    На 15 март, Јанша отпатува со воз за Киев заедно со премиерите на Чешка и Полска, Петр Фјала и Матеуш Моравјецки, со цел да ѝ дадат поддршка на Украина, при што се сретнаа со претседателот Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира