КоСтејт департмент ќе помогне во евакуацијата на четири украински деца кои се лекуваат од рак, кои среде руската инвазија ќе бидат префрлени во детската болница „Сент Џуд“ во Мемфис.
„Нашето партнерство и нашата посветеност кон украинскиот народ се непоколебливи и постојани. Во таа насока, Стејт департмент се координираше со детската болница ‘Сент Џуд‘ за да се обезбеди неопходната и итна нега за четири украински деца чие лекување од рак беше нарушено од војната на Путин“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Тој додаде дека САД ќе асистираат во воздушниот трансфер на децата и на некои членови на нивните семејства од Полска во Тенеси. Оттаму, тие ќе биде префрлени во „Сент Џуд“.
„Пациентите таму ќе можат да продолжат со клучната терапија и ќе добијат специјализирана нега“, кажа Прајс.
Болниците и здравствените установи во Украина се цел на руски бомбардирања од почетокот на инвазијата пред неполн месец и во нив досега загинале 15 лица, соопшти денеска Светската здравствена организација.