Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу не е виден во јавност речиси две недели, што отвори прашања околу тоа каде се наоѓа, посебно што е надлежен за руската инвазија на Украина.
Руската независен медиум „Агентство“ објави дека Шојгу, кој е еден од најблиските соработници на претседателот Владимир Путин, последен пат се појавил на државната телевизија на 11 март. „Агентство“, цитирајќи неименуван руски функционер, шпекулира дека Шојгу можеби не се чувствува добро и има проблеми со срцето.
Според извештајот на „Агентство“, рускиот „Прв канал“ на 18 март емитуваше прилог со Шојгу, но фотографијата искористена да се илустрира приказната е од видео објавено на веб сајтот на руското Министерство за одбрана од 11 мат.
Шојгу беше споменат меѓу присутните на средбата на Советот за безбедност во Кремљ на 18 март, но немаше фотографија или видео од него.
66-годишиот Шојгу не е виден со Путин уште од нивната средба на 27 февруари, на која што присуствуваше и началникот на генералштабот на руската армија Валери Герасимов. На веб сајтот на руското МО нема нови објави во врска со Шојгу од 11 март.
Дмитри Трешанин, руски новинар од независниот медиум „Медиазона“ исто така забележа дека последната вест во врска со Шојгу на руската државна новинска агенција „Риа“ е објавена на 11 март.
Руската инвазија на Украина почна пред точно еден месец.