Во Србија од утринава во 7 часот граѓаните гласаат на претседателски, вонредни парламентарни и на локални избори. До 12 часот, според Републичката изборна комисија, излезноста на гласањето е 20,52 отсто.
Право на глас имаат 6.502.307 граѓани. Според српските независни медиуми и социјалните мрежи, низ целата држава се регистрирани и снимани бројни неправилности, како поткуп на гласање, закани, спречување на гласање, присуство на мобилни телефони кај членовите на избирачките места, групно гласање, починати лица во избирачките списоци, бугарски воз, но и насилство и ќотек.
Павле Грбовиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани претпладнево е нападнат и повреден во главата на избирачкото место Галеника во Земун.
Гласањето во Србија завршува вечерва во 20 часот.