Германското министерство за надворешни работи прогласи 40 руски дипломати за персона нон грата, објави „Шпигел“. Тие мораат да ја напуштат земјата во рок од пет дена.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во соопштение кажа дека „фотографиите од Буча сведочат за неверојатната суровост на руските власти и тие што ја следат нивната пропаганда. Нивната желба за уништување не познава граници“.
„Затоа, сојузната влада одлучи денеска да прогласи значителен број на вработени во руската амбасада за непожелни“, додаде таа.
Претходно, Литванија соопшти дека го повлекува амбасадорот Ејтвидас Бајарунас од Москва, а на рускиот амбасадор Алексеј Исаков му нареди да ја напушти земјата. Литванија исто така го затвори рускиот конзулат во Клајпеда.