РУСИЈА НАЗНАЧИ НОВ ВОЕН КОМАНДИР ЗА УКРАИНА КОЈ СЕ ИСТАКНА СО БРУТАЛНОСТА ВО СИРИЈА И ЈА СВРТЕ ВОЈНАТА ВО ПОЛЗА НА АСАД

    РУСИЈА НАЗНАЧИ НОВ ВОЕН КОМАНДИР ЗА УКРАИНА КОЈ СЕ ИСТАКНА СО БРУТАЛНОСТА ВО СИРИЈА И ЈА СВРТЕ ВОЈНАТА ВО ПОЛЗА НА АСАДПутин го одликуваше Александер Дворников со медалот Херој на Русија (Фото: АП)

    Русија назначи нов воен командир за Украина во пресрет на следната фаза од војната откако првите недели беа обележани со големи загуби на бојното поле и масакри на цивили. Шеесетгодишниот генерал Александер Дворников е еден од најискусните руски воени офицери, кој се истакнал со бруталноста во војната во Сирија и е познат како „Касапот на Сирија“. Обучуван според советските воени доктрини, тој важи за генерал од стар ков и жесток националист, за кого уништувањето на цивилни цели е легитимен пат кон остварувањето воена победа.

    Сè досега, Русија немаше централен воен командир во Украина. Оваа одлука следува додека Русија се подготвува за голема и фокусирана офанзива, со која сака да ја прошири својата контрола на југот и истокот на Украина.

    Дворников се борел во втората војна во Чеченија, пред да ја преземе решавачката улога во Сирија. Во 2015, тој беше испратен од Владимир Путин да ја стабилизира позицијата на сириските режимски сили и под негова команда, руските авиони безмилосно бомбардираа градови во провинцијата Идлиб и позиции на опозициските  групи. Дворников исто така беше одговорен за руската кампања против Исламска држава на истокот на Сирија.

    Руската интервенција ја сврте војната во полза на Башар ал-Асад, а Дворников беше одликуван со медалот Херој на Русија. Од 2016, тој е заповедник на јужната воена област.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира