ПОЧНА ШТРАЈКОТ ВО УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ, ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПОВИКАА ДА СЕ НАЈДЕ ДОГОВОР ВО НАЈБРЗ МОЖЕН РОК

    ПОЧНА ШТРАЈКОТ ВО УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ, ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПОВИКАА ДА СЕ НАЈДЕ ДОГОВОР ВО НАЈБРЗ МОЖЕН РОКМинистерот за образование Јетон Шаќири утринава кажа дека социјалниот дијалог ќе продолжи и дека денеска или утре со СОНК ќе имаат средба. - Средното училиште „Јосип Броз“ (Фото: К. Попов)

    Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека во најголем дел од училиштата и градинките се штрајкува без сериозни проблеми, откако денеска почна генералниот штрајк во дејностите образование и детска заштита. Тој додава дека од тоа што досега му е пратено како порака од најголемиот дел колеги, штрајкот се одвива како што планирале.

    Министерот за образование Јетон Шаќири утринава кажа дека социјалниот дијалог ќе продолжи и дека денеска или утре со СОНК ќе имаат средба. Тој рече дека го почитува синдикалното право на штрајк, но дека штрајкот треба да биде крајна одлука и последен чекор.

    „Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи“, рече Шаќири при посетата на средното училиште „Владо Тасевски“ по повод спроведувањето на меѓународното тестирање ПИСА 2022.

    Во училиштето што го посети, Шаќири рече дека од вкупниот број 117 вработени, 18 се во штрајк, наставен кадар и технички персонал, и дека се во посебна просторија.

    Премиерот Димитар Ковачевски вчера ги повика наставниците од основните и средните училишта „да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес“.

    „Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени“, објави на Фејсбук премиерот Ковачевски, апелирајќи да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира